Женската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија во следниот квалификациски циклус за ЕП 2021 ќе биде предводена од Владимир Ѓоровиќ.
Во претходниот квалификациски циклус кошаркарките беа предводени од страна на Марјан Лазовски, чиј договор истече. Ѓоровиќ на чело на „жолто-црвените“ доаѓа од Струга 2009.
Македонија во квалификациите за ЕП 2021 ќе биде во група со Хрватска, Германија и Летонија. Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани селекции ќе се квалификуваат на претстојниот европски шампионат.