ВИДЕО: Вонредна средба по хаосот во Турција, првенството е прекинато, реагираше и Ердоган

Од:

Турскиот фудбалски сојуз одлучи да го прекине првенството на неодредено време по физичкиот напад врз судијата на натпреварот Анкарагучу – Ризеспор.

Синоќа тој натпревар од 15. коло заврши со резултат 1-1, а на самиот крај од мечот дојде до нереди на самиот тревник. Прв на теренот истрча Фарук Коча, претседателот на локалниот клуб, следен од многу навивачи.

Претседателот на Анкарагуц го удри судијата Халил Умут Мелер со тупаница по лицето, по што тој падна на тревникот, а потоа 37-годишниот судија доби уште неколку удари, најверојатно од навивачи.

Веднаш по тие настани Турскиот фудбалски сојуз свика вонреден состанок на кој одлучи да го прекине првенството на неодредено време, јавува француската агенција АФП. Исто така, Здружението на турски судии ги повика своите членови да го искористат своето право да се повлечат. Се огласи и турскиот претседател Реџеп Ердоган.

– Го осудувам нападот врз судијата на фудбалскиот натпревар и никогаш нема да дозволиме насилството да се меша во турскиот спорт – рече Ердоган.

Судијата кој беше нападнат моментално се наоѓа на лекување во болница, а во врска со овие инциденти се уапсени три лица, меѓу кои и претседателот на фудбалскиот клуб Анкарагучу, јавуваат турските медиуми.

Би можело да ве интересира

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Брутална тепачка меѓу навивачи и полиција, запален автомобил, коњаницата ги растера демонстрантите

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата