ВИДЕО: Атлетичарка го запроси своето момче на Олимписките игри во Париз откако го собори рекордот

Од:

Француската тркачка Алис Фино го собори европскиот женски рекорд на 3.000 метри стиплчез, а потоа го запроси своето долгогодишно момче, шпанскиот триатлонец Бруно Мартинез Баргиела.

Откако го собори рекордот, Фино едвај да застана за да ја прослави пресвртницата пред да побрза на трибините за да сподели момент со Баргиел – и да ја шокира публиката со клекнување на едното колено и запросување.

Можеби понеконвенционален од локацијата на запросувањето беше нејзиниот избор на накит. Наместо дијамантски прстен, атлетичарката го искористи олимпискиот беџ. И наместо да му го стави на прстот, таа го стави на кошулата на Баргиела. Свршувачката ја прославија со бакнеж.

Зборувајќи со новинарите по трката, Фино потврди дека Баргиела кажал „да“.

„Си реков дека ако трчам под девет минути ќе се свршам, знаејќи дека девет е мојот среќен број и дека сме заедно девет години. Не сакам да правам работи како сите други. Бидејќи тој уште не ме запроси, си реков дека можеби треба јас да го направам тоа“, изјави таа.

На беџот со кој го запроси пишува „Љубовта е во Париз“.

Во вторник, 6 август, француската атлетичарка помогна да се собори европскиот рекорд на 3000 метри со пречки за жени. За време на финалето на 3000 метри во женска конкуренција, четири жени за првпат во животот направија резултат под девет минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ