Утре променливо облачно со максимална температура до 30 степени

Од:

Времето утре во утринските часови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

Од петок до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен