Словенија: Ќе ги почитуваме налозите за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Од:

Словенија ќе ги почитува налозите за апсење на лидерите на Израел и Хамас издадени од Меѓународниот кривичен суд (МКС) и „ќе ги почитува“, изјави премиерот Роберт Голоб, а пренесува словенечката новинска агенција СТА.

Меѓународниот кривичен суд вчера издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, како и за лидерот на Хамас, Ибрахим ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.

Во јуни Словенија стана последната земја-членка на Европската Унија која ја призна независната палестинска држава, откако беше одобрена со мнозинство гласови во парламентот.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Словенија се ожени со 19 години помладата еко активистка

А1он

Ковачевски – Голоб: Словенија отсекогаш била силен и гласен поддржувач на европските перспективи на Македонија

Катерина Ѓуровски