Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Од:

Гимнастичарскиот сојуз на САД одбива да го врати бронзениот медал доделен на Џордан Чајлс, кој подоцна и беше вратен на Романката Ана Барбоса.

Во саботата Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ) ја врати Барбоса на третото место во поредокот на конкуренцијата на партер на Олимписките игри во Париз, а МОК одлучи бронзениот медал дека ќе мора да го врати Чајлс.

Но, таа одлука не го менува ставот на Американците, кои најавуваат, доколку биде потребно, дека целиот случај ќе го префрлат на највисокиот швајцарски суд, во чија јурисдикција е Судот за спортска арбитража.

„Информирани сме и длабоко сме разочарани. Ќе продолжиме да се бориме на секој можен начин за пласманот и медалот за Џордан да останат на место“, се наведува во соопштението на локалната федерација.

Претходно, Барбоса го прослави освоеното трето место на партер минатиот понеделник, кога тренерите на тимот на САД поднесоа жалба за резултатот од настапот на Џордан Чајлс. Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1, што беше доволно наместо Барбоса да „скокне“ од петтото на третото место.

CAS пресуди дека поднесената жалба да се додадат 0,1 поени на резултатот на Чајлс, била надвор од временското ограничување од една минута, според пропишаните правила. Според информациите, жалбата дошла за една минута и четири секунди по објавувањето на резултатот, па жалбата била одбиена и медалот и бил вратен на Романката.

Бразилката Ребека Андраде го освои златниот медал, додека сребрениот медал и припадна на Американката Симон Бајлс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Илјадници Срби ги пречекаа олимпијците во Белград

Предраг Петровиќ