Руската бодибилдерка Наталија Кузњецова е вистински хит на социјалните мрежи.
Наталија поради нејзините мускули ја нарекуваат Амазонка и планина од „женски мускули“ што оди.
Таа често на Инстаграм го покажува своето мускулесто тело, кое ретко се гледа кај жените, а поради што е омилена меѓу мажите.
Наталија на Инстаграм ја следат повеќе од 1,2 милиони луѓе кои уживаат во нејзините предизвикувачки фотографии и видеа од тренинзи речиси секој ден.
Секоја нејзина објава изобилува со коментари од мажи, но и од жени, а сите, може да се каже, се опседнати со нејзиниот мускулест изглед.
„Изгледаш подобро секој ден“, „Нелегално е да изгледаш толку добро“, „Неверојатна си“, се само дел од коментарите на нејзините последни објави.
Зад нејзината импресивна фигура се кријат години и години работа и труд.
Наталија, која може да се пофали со бицепс од 49 сантиметри, својата фигура ја гради речиси две децении.
Почнав да тренирам на 14 години. На 16 години веќе бев шампионка во регионот во бодибилдинг и поверлифтинг. Тоа стана мојот животен стил. Да се има силно тело е добро, тоа е сосема поинаков квалитет на живот, изјави за „What’ with The Jam“.
Наталија рече дека најмногу добива само позитивни реакции од другите луѓе, особено во реалниот живот.
Но, вели и дека не се сите реакции позитивни. Таа раскажа како понекогаш наидува на негативни коментари, особено од мажи, кои „не можат да се носат со нејзината големина“.
Таа додаде дека таквите коментари немаат премногу влијание врз неа.
„Имам многу следбеници, па тие ќе ме препознаат каде и да одам. Не мора се на секого да му се допаѓа, и тоа е во ред“, рече таа и додаде дека никогаш не наидувала на негативни коментари надвор од социјалните мрежи.
Наталија, која по потекло е од Сибир, денес живее во Црна Гора со сопругот Владислав.