Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 09.50 часот во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода М.Н.(45) од с.Арачиново.
Како што соопшти МВР, М.Н. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на затворска казна.
Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, наведува МВР