Отровен гас фрлен во сирискиот град каде беше урнат руски хеликоптер

Од:

Сириската спасувачка служба обвини дека хеликоптер исфрлил контејнери со отровен гас врз градот Саракиб, кој е во близина на местото каде беше соборен рускиот воен хеликоптер.

Потпаролот на Сириската цивилна одбрана (СЦО) изјави дека 33 лица, претежно жени и деца, настрадале од гасот во градот Саракиб.

СЦО, која се претставува како неутрална група на доброволци за спроведување спасувачки операции, објави снимка на Јутјуб, на која се гледа маж како тешко дише и кој добива противгас од лица во униформи на цивилната заштита.

Преставници на СЦО на местото на нападот со сомневаат дека станува збор за хлор, но не можат да го потврдат тоа.

– Паднаа буриња со средна големина со токсичен гас. СЦО не може да утврди за каков гас станува збор – изјави портпаролот на организацијата.

Сириската влада и Русија сè уште не дале коментар на овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

Сириските сили извршија масакр во болница: Крв и тела насекаде „убиваа луѓе во кревет“

Ал-Шара: Заштитата на Друзите е приоритет за сириските власти

ВИДЕО: Драматична ескалација во Сирија, експлозии во Дамаск