Нефи Усеини остана советник во Охрид: Немам одлучено дали ќе поднесам оставка

Од:

Нефи Усеини нема одлучено дали ќе го врати советничкиот мандат или ќе остане советник во Општина Охрид. На денешната седница, тој се појави и му беше верифициран мандатот. За повлекување, по негово барање, може да се одлучува на наредна седница. Сепак, Усеини вели дека огранокот на ДУИ во Охрид ќе донесе одлука дали тој треба да продолжи да делува во советот.

„Денес добив верификација на мандатот. Не сум уште решен дали ќе дадам оставка. Ако дадам оставка, оваа недела или наредната, ќе бидете известени. Не давам оставка бидејќи ќе имаме состанок во партијата и ќе заземе став како ќе се одвиваат понатаму работите. Немаме одлука како ќе се позиционираме во советот или коалиции. Нашата голема коалиција е со СДСМ, а за локална власт, ќе видиме. Јас не можам да дадам одговор за ова, бидејќи над мене претседателот на ДУИ. Ние сме двајца советници од ДУИ. Ние сме ДУИ не сме ВМРО ни СДСМ. Не можам да кажам дали ќе поддржиме некоја од партиите“, рече Усеини.

„А1он“ веќе објави дека советникот на ДУИ, Нефи Усеини, до овој момент, немаше мандат, за да даде оставка од советничката функција во Општина Охрид. На првата седница каде се верифицираа мандатите на новите советници, тој беше единствениот кој не присуствуваше. Според сознанија на „А1он“, тој бил и надвор од Македонија. За престанок, ќе треба да почека наредна седница која би се одржала најкратко за една недела. Претседателот на Советот, Сашо Донев, за „А1он“ вели дека ќе се постапи според законските прописи.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и доби претседател во општинскиот совет на Охрид, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција. Со нив и советникот Нефи Усеини и „Охрид има план Б“. Дел од новото мнозинство во Советот на Охрид се ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ,,Обнова на Македонија”, „Левица“ и „Охрид пред сѐ“ која ја сочинуваат поранешни членови на СДСМ. На конститутивната седница, со 14 гласови „за“ беше изгласано Сашо Донев да биде претседател на Советот.
Нефи Усеини, по вторпат доби мандат во Советот. Првиот, го врати на неколку месеци пред локалните избори. Тогаш, продолжи да добива тендери и да работи со општинските претпријатија.

Би можело да ве интересира

Нефи Усеини е во изолација, одложено и третото рочиште против него и брат му

Катерина Павлова-Николовска

Илјази за нападот од Усеини: Ме маваше со тупаници, ми рече дека ќе ме убие

Кристијан Ландов