МТЕЛ Македонија донираше 3 милиони денари за семејствата од настраданите во пожарот во Кочани

Од:

Компанијата МТЕЛ Македонија донираше 3 милиони денари за семејствата од настраданите во пожарот во Кочани.

Како што се наведува во соопштението, Компанијата донирала на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија и ги повикува сите корисници кои се во можност да донираат преку повик на 143400 или со директна донација на сметката од Фондот на солидарноста на Црвениот крст – 300000001327966 со даночен број – 4030984271620 АД Комерцијална банка и назнака „Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“.

– Со длабока емпатија и желба да дадеме конкретна помош, МТЕЛ донира 3.000.000 денари на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ. Ова е само дел од нашата заложба да помогнеме во овие тешки моменти, но знаеме дека помошта не треба да запре тука. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да дадеме надеж, да им помогнеме на оние што изгубија најмногу, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Заедно во тишина со нашите 63 ангели – собир во 02.15 пред „Пулс“