Мицкоски: Остануваме партнери на младите и многу ќе вложуваме во нив

Од:

За мене претставува посебна чест, но и одговорност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме домаќини на еден ваков настан. Бидејќи ова претставува израз на почитување кон она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, но исто така и што го прави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на младината на Европската Народна Партија, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– И цениме дека на ваков начин само додаваме вредност за Македонија и тоа од позиција на опозиција. Организирањето на ваков репрезентативен настан подразбира и начин на кој што се промовира нашата држава, нашата татковина. Јас сум тука да ги поздравам учесниците на овој настан, да дадам недвосмислена поддршка како ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денеска ќе ја формира следната Влада во Македонија. Сакам да кажам дека посебен фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите. И ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во политиките на младите бидејќи младите се иднината на која што се темели нашата држава, нашата Македонија. ВМРО-ДПМНЕ била партнер, е партнер и ќе остане партнер на младите. Така што уште еднашка посакувам успешен настан, посакувам многу дружење и посакувам да има многу корисни и плодни дебати – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Редно време е ДУИ по 20 години власт да помине во опозиција и да се реформира

(ВИДЕО) Мицкоски: Измамникот којшто е носител и којшто треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев