Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на државата и граѓаните

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска престојува во Брисел каде вечерва ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос.

Како што објави Мицкоски на Фејсбук на средбата се разговарало за „стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон Европската Унија“.

– Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани, наведе Мицкоски во објавата.

Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата со Кошта се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери