Макрон: Се уште е можен договор за иранската нуклеарна програма

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „се уште е можно“ рестартирање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, но под услов „интервенцијата да се направи што е можно поскоро“, соопшти синоќа Елисејската палата веднаш по разговорот меѓу Макрон и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси.

По неколкумесечниот прекин на разговорите во Виена за заживување на договорот, Макрон изрази разочарување од недостатокот на напредок и побара од Раиси Иран да се врати на спроведувањето на своите обврски од нуклеарниот договор.

Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му беше понудено укинување на некои од санкциите што ја задушуваа неговата економија во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма ставена под строга контрола на ОН.

САД, меѓутоа, во 2018 година унилатерално се повлекоа од договорот и ги вратија казнените мерки. Како одговор на тоа, Иран постепено се повлече од своите обврски.

Договорот за иранската нуклеарна програма, чие официјално име е Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон повторно го назначи Лекорну за француски премиер

А1он

Лекорну: Макрон треба да назначи нов премиер во следните 48 часа

А1он

Макрон го моли премиерот во заминување пак да преговара со партиите

А1он

Макрон: Француски фоторепортер e убиен од руски дрон на фронтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Еди Рама и Макрон го исмеваат Трамп за „мировниот договор меѓу Азербејџан и Албанија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жестоки критики од светските лидери за Израел: Да престане убивањето невини цивили