Конго: Деца рудари гинат копајќи кобалт за батерии

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Детскиот труд, смртните несреќи, загадувањата и болестите се дел од секојдневието на рударите кои на наоѓалиштата во Конго копаат кобалт, најскапа суровина неопходна за производство на батерии за паметните телефони, лаптопи и електричните автомобили.
Околу 100.000 рудари, вклучувајќи и деца, работат во опасни услови, немајќи дури ни заштитен шлем.

За копање на кобалт длабоко под земјата користат рачни, а не индустриски алати, што го потврдија работниците, претставници, како и докази кои Вашингтон пост ги најде во тек на посета на оддалечените рудници.

Рударите работат и по цел ден и ноќ, а спијат во подземни тунели, рече еден рудар за американскиот весник.

Смртни несреќи се случуваат редовно, велат рударите, или изгледа дека само масовните жртви наоѓаат пат до ретки локални медиуми.

Тоа ги доведува во прашање наводите на корпорациите дека се подготвени да установат кршење на човековите права и детска работа во својот ланец на снабдување, а малку од нив следат од каде доаѓа кобалтот кој го користат.

Конго е една од најсиромашните држави во светот, истовремено и една од најбогатите наоѓалишта на минерали, која еден научник ја нарече „Геолошки скандал”.

Рударите ги снабдуваат големите компании, како што е кинеската „Kongo doing feng international mineing” која со години ги снабдува најголемите светски производители на литум-јонски батерии, кои се наоѓаат во апарати како што се Ајфон на американската „Епл”.

Претседателот на кинескиот гигант Чен Хонг Лианг рече дека компанијата никогаш не истражувала како се набавуваат нејзините минерали, наспроти тоа што со децении се присутни во Конго.

„Тоа е наш пропуст” – рече Чен во интервју во кое првпат јавно ја коментирал оваа тема.
Во „Епл” потврдија дека во нивните батерии се наоѓа кобалт од Конго и најавија дека ќе ја засилат контролата над набавката на кобалт.

Во компанијата „Самсунг SDI”, голем производител на батерии, велат дека користат кобалт од таа африканска земја, но дека тој доаѓа од голема кинеска компанија.

Функционерите во Конго велат дека Владата е премногу сиромашна да се избори со овој проблем.

Компаниите веројатно нема да ја напуштат таа земја, бидејќи „На светот му треба тоа што го има Конго” – пишува Вашингтон пост.

Околу 60 отсто кобалт во светот потекнува од Конго, хаотична земја со долга историја на странска експлоатација на нејзините природни ресурси.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска