Казино „Фламинго“ хотел – Гевгелија стана генерален спонзор на ФК „Кожув“

Од:

На голема радост на Гевгеличани ФК „Кожув“ доби генерален спонзор. Компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, како носител на светски реномираниот австриски бренд „Новоматик“ во чија групација е и „Казино Фламинго“ во Македонија, одлучи да ги поддржи амбициите на менаџментот и спортскиот колектив на ФК „Кожув“.

Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, Казино „Фламинго“ хотел – Гевгелија продолжува да го подржува развојот на македонскиот спорт. Нема никаква дилема дека поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси.

ФК „Кожув“ е вистинска гордост на македонскиот спорт и претставува синоним за фудбалската традиција во регионот. Основан е пред повеќе од 1 век во далечната 1922. Без разлика што во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, овој клуб отсекогаш бил расадник на млади таленти.

Со оваа одлука за генерално спонзорство продолжува партнерството на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија со локалната заедница. Оваа компанија веќе 17 години приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 4 години во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“, каде е сопственик на истоименото „Казино Фламинго“. Дел е од исклучително успешната Групација „Новоматик Македонија“. Овој светски бренд во индустријата игри на среќа, без разлика на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш на отстапи од корпоративното мото – секогаш општествено одговорна компанија! „Казино Фламинго“ со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности. Како претставници на „Новоматик“, реномирана ЕУ компанија, „Казино Фламинго“ продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

ПР текст

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“

Велешанец e нападнат во казино

Горан Наумовски

Приведен жител од кумановско Лопате, се обидел во казино да размени фалсификувани евра

Скопјани со лажни пари играле во казино во Струмица

Агнеса Органџиева ќе биде домаќин на лотариите во Grand Cassino Admiral

Горан Наумовски

Вработена во казино лажела дека била ограбена