Хагари: Нема да застанеме додека не ги вратиме заложниците

Од:

„Хамас ги зароби нашите постари граѓани, мажи, жени, деца, бебиња. Морална должност на израелските одбранбени сили е да ги вратат сите заложници дома. Нема да застанеме додека не го сториме тоа. Хамас се крие и ги убива нашите заложници во Ал – Болница Шифа и под неа се изградени терористички тунели. Вистината сега е јасна. Хамас води војна и терор од болниците“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили.

Жестоки борби меѓу милитантите на Хамас и израелските сили се водат во областа околу кампот Џабалија, каде што Хамас има силно упориште. На другиот крај на Појасот Газа, најмалку 14 Палестинци загинаа во два израелски воздушни напади врз домови во градот Рафах, во близина на границата со Египет.

И милитантите на Хамас копнеат по примирје, за да добијат шанса да се одморат и да се реорганизираат. Се шпекулира дека ќе се договори некаков облик на прекин на огнот во замена за ослободување на израелските заложници, а Катар, кој ја игра улогата на посредник во постигнувањето таков договор, истакнува дека остануваат само многу мали пречки за ослободување на киднапираните Израелци.

Би можело да ве интересира

ОН: Околу 75 отсто од жителите на Газа принудени да ги напуштат своите домови

Израел тврди дека уништил 500 тунели на Хамас во Газа

Горан Наумовски

Хамас: Во нападите во изминатите 24 часа загинаа 700 луѓе, многумина се заробени под урнатините

Горан Наумовски

УНРВА: Во Појасот Газа има околу 50.000 бремени жени

Макрон: Војната со Хамас ќе трае 10 години

ОН: 160 Палестинци загинаа во два напади во еден ден