Да се живее во „ханок“, симболот на автентичниот корејски шарм и комфор

Од:

Јонхап – Сеул

Кога Бае Ѕон-мок и Хур Сунг-кјунг во јуни минатата година се преселија во „ханок“ селото во областа Еунпјеонг во подножјето на планината Букан, во околината на нивниот нов дом имало само три традиционали корејски куќи. Пространото правливо земјиште воглавно останало празно, но на други места веќе имало почеток на градби.

Сега, 155 плацеви кои ги продава општината на Сеул за да се изгради ханок село, веќе се продадени. Изградбата на корејски традиционални куќи со ќерамидни покриви и дрвени прозорци е веќе завршено на една третина од плацевите.

По повеќе од 25 години работа во адвертајзинг индустријата, Баее вели дека бил под огромен стрес заради природата на неговата работа и создавање на атрактивни и креативни дела. Живеел во стан без пристап до балкон или двор, и чуството на стеснетост воопшто не му помагало во ослободување од работниот стрес.

Еден ден во весник го видел огласот дека Сеул хаусинг енд комјунити корпорејшн продава празни плацеви во северозападен Сеул за изградба на комплекс со ханок куќи. Овој проект бил дел од обидите да се зачува почитувањето на традицијата и на тој терен да се изградат симболи каде околината не нуди ништо, освен убавата природа.

Ја прегледал мапата со понудените плацеви и го одбрал единствениот во облик на дијамант кој целосно се разликувал од другите квадрести плацеви.

– Отсекогаш ми се допаѓале ханок куќите. Но тие во Сеул не само што се прескапи, туку и многу мали. Си помислив дека можам да изградам нешто пространо тука, и ми се допадна фактот дека во позадината има убава планина, рече тој. „Обликот на плацот беше многу интересен, и знаев дека тука има доста простор кој можам корисно да го искористам и да направам нешто поинакво“.

Една годна откако го купил земјиштето, конечно почнал да планира за градба на куќата. Го ангажирал Хванг Ду-џин, еден од најпознатите ханок архитекти во државата, затоа што мислел дека идејата е исто толку важна како и изградбата на куќа.

– Многу луѓе се уште ја оставаат изградбата на куќа во рацете на искусни дрводелци. Тоа е голема грешка кога се игнорира важноста на замислата и се фокусирате само на изведбата, вели тој. „Ова е делумно заради верувањето кај некои луѓе дека ханок куќите се неудобни за живеење“.

Всушност, и неговата жена го мислела истото.

– На почетокот се спротивставував на градењето и преселувањето во ваква куќа затоа што имав чудна идеја дека ќе биде студена и некомфорна. Не со баш големо одобрување го прифатив планот на мажот ми, рече таа. „Но сега навистина ми се допаѓа психолошкиот комфор кои ми го даваат дворот и дрвјата. Се чусвтвувам слободна дури сум во куќата заради дрвената структура и многуте прозорци“.

Постоеле две обврзни барања кон архитектот кога тој ја дизајнирал куќата Мокгјунгхеон, што значи „куќата на Мок и Гјуонг“ – последните два збора од имињеата на брачниот пар. Едното било да се направи мал „двор“ во средината на дневната соба каде целото семејство, петмината, можат да седат околу каминот и да се релаксираат, а другото било да се направат попречни и вертикални дрвени греди кои ќе се гледаат од секој агол во куќата.

За да ги оствари неговите идеи, архитектот направил куќа на два ката со високи заоблени тавани – што е ретко кај повеќето квадратести ханок куќи – за да се максимира просторна ефикасност и да не се жртвува просторот за два надворешни двора, по што се разликува нивната куќа од другите ханок куќи.

На приземјето е дневната соба, кујната, големата спална соба за родителите и уште една соба за мајка му на Бае, додека на другиот агол од вториот кат има две соби за синовите.

Најневообичаената содржина од куќата е подрумот, кој Бае го наменил за негова работна соба и соба за гледање филмови. Модерната соба со бели ѕидови е опремена со работна маса, голема и удобна софа и екран долж целиот ѕид. Архитектот внел дневна светлина од предниот двор, преку огромниот прозорец на средината од подрумскиот таван.

Животот првпат во ханок го сменил и нивниот животен стил, велат сопружниците. Затоа што претходно биле ограничени со просторот во станот каде што живееле, тие морале да се откажат од многу облека, кујнски апарати, седалки и намештај. На нивно изненадување, е сега се чуствуваат убаво со нештата кои морале да ги исфрлат пред да се вселат во новиот дом.

– Постои неопислива убавина да се живее во нешто мало и минималистички. Се разбира, тоа се различни вкусови. Но да се има помалку не мора да значи да не се живее модерно“, вели тој.

Хур рече дека недостигот од инфаструктура во околината – како што се продавници и јавен транспорт – е една од големите пречки да се живее тука, но тој очекува дека ова ќе се смени кога селото ќе биде комплетирано во следните години.

На 17 октомври, Мокгјунгхеон ја освои наградата „Ханок на годината“, која ја доделува Министерството за земјиште, инфраструктура и транспорт, заради „совршениот микс од традиционална структура со модерни услови и исполнување на функционалните барања без губење на естетските вредности. Шестата годишна награда е со цел да се поттикне убавината на ханок куќите, да се возобнови нивната вредност како традиционална архитектура, и да се подигне интересот во јавноста за овие куќи.

– Мислам дека ханок е симболот за корејската креативност. Тоа е најкорејско нешто и најрафиниран аспект од корејскиот стил на живеење, рече Бае. Неговата сопруга дополни: „Се чувствувам како да живеам во убаво изработено уметничко дело“.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Предраг Петровиќ

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ