Баро: Франција има докази дека Русија се обидува да манипулира со европските инфлуенсери

Од:

Франција има докази дека Русија се обидува да манипулира со влијателите во Франција и во другите европски земји, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Имаме докази кои потврдуваат дека Русија се обидува да манипулира со влијателите во европските земји, вклучително и Франција. Истрагите се во тек и ги повикуваме креаторите на содржини и нивните следбеници да бидат крајно внимателни за овие закани од Русија“, рече Жан-Ноел Баро на парламентарна седница, пренесува Ројтерс.

Повикувајќи се на извор од француското разузнавање, весникот Монд денеска објави дека повеќе од 2.000 европски инфлуенсери биле контактирани од луѓе блиски до руските власти за да шират проруска пропаганда.

Би можело да ве интересира

Франција: Промената на руската нуклеарна доктрина е „само реторика“