Неговиот долг пат до слободата е лекција за човештвото дека демократијата е неделива, а угнетувањето и замолчувањето макар и на еден, се одразува на сите
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, испрати писмо со сочувство до претседателот на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума.