Синоќа се одигра ревијален натпревар помеѓу легендите на Реал Мадрид и Јувентус, а мечот го добија “кралевите” со високи 5-1.
Публиката можеше да ужива во потезите и мајсториите на некогашните фудбалски ѕвезди овие два тима.
Зинедин Зидан настапи за двата клуба, а покрај него во листата на стрелците се запишаа уште и Мориентес, Такинарди, Сидорф, Дел Ларед и Веласко. Инаку, овој натпревар беше хуманитарен карактер.