На Медитеранските игри во турскиот град Мерсин, македонските борачи во слободен стил вчера освоија три медали.
Дејан Богданов го освои сребрениот медал во катергоријата до 88 килиграми.На патот до финалето тој ги порази, Муад Сади од Либија со 9:0 и Кармело Лумија од Италија со 8:3. Во мечот за златиот медал Богданов загуби од фаворизираниот домашен борач Сердар Боке од Трурција со 6:2.
Во категоријата до 66 кг. Дејан Митров мораше по потешкиот пад до бронзата. Тој откако во првата рунда со 4:0 на поени славеше победа над Руслан Мухтаров од Франција, во следната загуби со 12:4 од домашниот борач Мустафа Каја. Во репасажот Митров беше убедливо подобар од Алжирецот Рабах Рамдане, совладувајќи го со 11:0.
Данов, пак, на стартот изгуби со 7:2 од Слим Трабелси од Тунис, а во репасажот за 3.место го победи Хамди Абделвахаб од Египет со 3:0.
Во најтешката категорија (120 кг.) Бобан Данов успеа да го совлада претставникот на Египет, Абдел Вахат Хамди и го освои бронзениот медал.
Без медал остана Иван Анакиев во катергоријат до 55 кр. кој во борба за бронзата загуби од Гркот Теохарис Каланидис.
Македонија има вкупно четири освоени медали на Медитеранските игри, откакоп првиот за нашата земја го освои боксерот Фатлум Жута.