Поради патните ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус четири пацифички островски држави го откажаа настапот на Параолимписките игри, што утре треба официјално да започнат во Токио.
Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) објави денеска дека Самоа, Кирибати, Тонга и Вануату нема да настапат на Игрите.
Веста доаѓа неколку денови откако од Игрите во Токио се повлече и Авганистан по преземањето на власта во државата од страна на талибанците.
– Имаме неколку нации од пацифичките oстрови, кои нема да можат да допатуваат, изјави портпаролот на IPC, Крег Спенс.
– Причината за нивното откажување е што мораат да патуваат од своите држави преку Австралија, каде во моментов на сила се строги правила, додаде Спенс.