Започнува тридневната програма во Лигата на шампионите за жени

Од:

Со натпреварот што ќе се игра вечерва од 19 часот во кој ЦСМ Букурешт ќе ја пречека екипата на Крим Љубљана, започнива тридневната програма во женската ракометна Лига на шампиони.

И за утре е закажан само еден натпревар и тоа дуелот меѓу Митјиланд – Лаврик, додека останатите четири средби од оваа рунда ќе се играат в недела.

Македонскиот шампион ЖРК Вардар по првиот пораз сезонава од Будуќност пред седум дена, овој пат гостува во Франција кај екипата на Мец. Вардарки во првата пресметка убедливо го совладаа францускиот тим со 33-21.

Натпревар Мец – Вардар ќе започне во терминот од 15 часот, а во останатите три средби ќе играат: Турингер – Ференцварош (14 часот), Ѓер – Есбјерг (17) и Будуќност – Астраханочка (19).

Пласман:

Група 1: Вардар 13 бодови, Ференцварош 13, Будуќност 10, Мец 6, Турингер 4, Астраханочка 2.

Група 2: Ѓер 13 бодови, Ларвик 10, Митјиланд 8, ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 4.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска