Традиционалниот рели шампионат Дакар ќе започне денеска во аргентинската престолнина Буенос Аирес, каде ќе и заврши 13. дена подоцна, а ќе се вози низ три држави, Аргентина, Чиле и Боливија.
На тој пат возачите ќе поминат повеќе од 9.000 илјади километри во четири категории: автомобили, мотоцикли, камиони и квадови. На првиот ден ќе се вози од Буенос Аирес до Вила Карлос Паза.
Ниту еден возач со сигурност не може да значе што го очекува, додека вози по пустините на споменатите земји, низ песочни пустини и преку карпести гребени.
По еден ден во текот на релито е предводен за пауза во секоја од категориите. Во конкуренцијата кај возачите со автомобили титулата ја брани Шпанецот Нани Рома, додека кај камионите минатогодишен победник беше Русинот Андреј Каргинов. Кај мотоциклистите во 2014. година на првото место се најде уште еден Шпанец Марк Кома, додека во квадови доминираше Чилеанецот Игњасио Касале.
Почетокот на релито датира од 1979. година и од тогаш неколку ја менуваше својата локација. Поради терористички напади, несреќи и смрт на учесниците кои се случуваа на африканскиот континент, во текот на 2009. година беше одлучено да се вози во Јужна Америка.