Започна четвртиот меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје опен 2014”

Од:

Околу 140 борци од 8 земји од регионот во повеќе од 45 категории, ќе се натпреваруваат на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје опен 2014” кој денеска започна во спортската сала „Македонско сонце” во Скопје.

Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања.

-Особено ме радува фактот што на овој турнир учество ќе земат и 55 македонски натпреварувачи, што зборува дека овој спорт во нашата земја високо котира и е практикуван од многу млади луѓе низ целата држава. На сите натпреварувачи и стручни тимови, им посакувам успешен настап и во фер-плеј и во духот на спортот нека победат најдобрите, истакна директорот Спасески.

Меѓународниот турнир “Скопје опен 2014” е во организација на Македонската џиу-џица федерација.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето