ЗА НЕД ДО освои 24 медали во Солун

Од:

Академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини викендот учествуваше на 6-тиот Интернационален и 10-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини „Мигдониа” 2017-та кој се одржа во Солун а каде учествуваше и нашиот тим кој ја претставуваше Република Македонија при што освои 20 златни и четири сребрени медали.

На натпреварите учество зедоа држави од Балканот и регионот и над 100 клубови од земјата домаќин со преку 700 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 21 натпреварувач кои се натпреваруваат во две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.

– Ние а со тоа и Република Македонија по втор пат учествува на овој голем и значаен настан од сферата на боречките вештини во регионот а особено за домаќинот Република Грција. Имено минатата година од овие два натпревари се вративме со 39 златни и 3 сребрени медали.

Впрочем натпреварите кои во Грција се репер за проверката на квалитетот во боречките вештини и тоа се настани кој не се за потценување дотолку повеќе што имаше огромен број натпреварувачи кои дошле да го покажат најдоброто од себе. Ние како и минатата година нескромно ќе кажам им го собравме златото на домаќините со скромниот натпреварувачки тим од 21 борец кои се бореа во две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт, изјави Grandmaster Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.

Македонската делегација за овој настан посебно сака да му се заблагодари на логистичката поддршка на првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун, Златко Котевски.

– Оној сегмент во кој сум професионалец, тренерскиот, беше на завидно ниво во професионалноста и чистината на ударите и одбраната во борбите. Особено сум горда на моите натпреварувачи. Сепак успехот е огромен ако се знае дека ова прво е регионален натпревар но и дека е Сегрчки Фестивал за боречките вештини „Мигдониа“ на кој настапуваат сите клубови за боречки вештини од цела Република Грција па со самото тоа конкуренцијата е огромна, истакна Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска