Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, беше прогласен за виновен за сексуален напад на Џени Хермосо по финалето на Светското првенство во 2023 година.
Шпанскиот суд му изрече парична казна од 18 месеци, во кои секој ден ќе треба да плаќа по 20 евра, што вкупно изнесува околу 10.000 евра.
На Луис Рубиалес му е забрането да и се приближува на Џени Хермосо на 200 метри и да комуницира со неа следната година.
Обвинителството побара затворска казна од две години и шест месеци, но судот не изрече затворска казна. Пресудата не е правосилна и може да се обжали.
Инцидентот се случи за време на доделувањето на медалите кога Рубиалес ја бакна Хермосо во уста без нејзина согласност, што предизвика бурни реакции во јавноста и доведе до негова оставка од функцијата претседател на Федерацијата.