Барселона се јави со официјално соопштение по извештајот на „Кадена СЕР“ дека се под истрага за исплатата на 1.4 милиони евра на потпретседателот на судиската комисија на Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ), тврдејќи дека нема ништо спорно во трансакцијата.
Барса исплатила 1.392.680 евра од 2016 до 2018 на компанијата „Дансил 95 СЛ“ во сопственост на Хозе Марија Енрикез Негреир, кој беше потпретседаател на судиската комисија на РФЕФ од 1994 до 2018 година. Според „Кадена СЕР“, Негреир веќе бил испрашуван и тврдел дека нудел на клубот совети за неколку теми, како однесувањето на фудбалерите пред судиите.
„Немаа ништо спорно во тоа што во минатото Барселона најми услуги на надворешен консултант кој на техничките секретари на клубот им даде известување за младинските фудбалери од другите шпански клубови. Покрај тоа, соработката се состоеше со технички извештаи за професионалното судење кои ги користеа тренерите на тимот. Ова е вообичаена практикаа меѓу професиналните клубови. Барселона жали што оваа информација е пуштена кога тимот е во најдобра форма оваа сезона и ќе поднесе легален случај против тие кои се обидуваат да го уништат имиџот и репутацијата на клубот“, велат од Барса.
Извор: Топспорт