Вујовиќ пред мечот со Алборг: Сите во клубот сме оптимисти

Од:

Ракометарите на Вардар утре против Алборг го играат третиот натпревар во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по последните победи на евро-сцената и во домашното првенство во добра атмосфера го дочекуваат дуелот со данскиот тим.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, е оптимист дека може да се стигне до позитивен резултат.

– Алборг е тим кој игра еден од најдобриот, најубавиот ракомет во Европа. Ги краси дисциплина во играта, првата минимум технички грешки, играат многу добро тактички. Тоа е мотив плус за нас да одиграме еден сериозен натпревар. Од друга страна, нашите изданија и резултати изминатиот период се добра покана за нашите навивачи, затоа што само со нив, можеме да дадеме максимум и да се надеваме на добар резултат. Сите во клубот сме оптимисти, изјави Вујовиќ на денешната прес-конференција.

Предводникот на вардарци како проблем го нагласи уморот од големиот број натпревари во кусо време, но верува дека играчите ќе одговорат на предизвикот.

– Ништо не ја одржува атмосферата подобро од победите, штом ќе дојдат поразите паѓа самодовербата. Ќе си дозволам да кажам дека ако го совладаме Алборг, тогаш нашите амбиции ги надминуваат нормалните очекувања, додаде Вујовиќ.

Левото крило Тимур Дибиров рече дека формата на тимот оди во нагорна линија.

Влеговме во еден бундеслигашки ритам, среда-сабота. Се адаптиравме на такво темпо. Ќе видиме утре како ќе се одвиваат работите. Ако биде се во ред, на што се надеваме, значи ни одговара таков ритам. Верувам дека ќе победиме.

Натпреварот Вардар – Алборг ќе се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 18:45 часот.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска