Втора победа за шахистите на Алкалоид на ЕКК

Од:

Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах, македонскиот шампион Алкалоид ја победи Раика Рапид Фефениц од Австрија со 4,5:1,5.

По три часа игра резултатот беше нерешен, со три реми на прва, втора и четврта табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко. Потоа, со сигурна игра и победа Владислав Ковалев донесе водство за Алкалоид. Следеа цели поени за Панчевски и Инаркиев за конечен триумф со три поени разлика.

По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални четири бода.

Во третото коло, „фармацевтите“ за противник ја имаат екипата на Медни Всадник од Русија, минатогодишниот шампион.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

Шахистот Тони Лазов испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се