Ракометарите на Флензбург ја забележаа и втората победа во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен ја победија полска Висла со 22:20. Ова беше првиот натпревар од 5.коло. Гостите од Полска на почетокот на натпреварот имаа висока предноста (7:1 во 10.минута и 8:3 во 15.минута), но не ја зачуваа.
Македонските екипи овој викенд своите натпревари ги играат на гостински терен. Вардар в сабота гостува кај ППД Загреб, додека Металург во недела ќе игра на теренот на Монпеље.
Распоред на натпреварите од 5.коло:
А група: Флензбург – Висла 22:20. Барселона – Веспрем, Кил – Кадетен Шафхаузен и Силкеборг – ПСЖ.
Табела: Барселона 8 бодови, Веспрем 6, ПСЖ 6, Флензбург 5, Силкеборг 4, Кил 4, Висла 1, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: ППД Загреб – Вардар, ПИК Сегед – Мешков Брест, Киелце – Рајн Некар Ловен и Кристијанштад – Цеље.
Табела: Киелце 8, Вардар 8, Рајн Некар Ловен 5, Мешков Брест 4, ПИК Сегед 3, Кристијанштад 2, Цеље 2, ППД Загреб 0.
Ц група: Монпеље – Металург, Татран Прешов – Чеховски Медведи и Елверум – Ла Риоха.
Табела: Ла Риоха 5, Елверум 5, Монпеље 4, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 2.
Д група: Брага – Мотор, Бешикташ – Холстебро и Динамо Букурешт – Нант.
Табела: Нант 7, Бешикташ 5, Брага 4, Динамо Букурешт 4, Мотор 3, Холстебро 1.