Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски

Од:

Еден од најдобрите кошаркари на кочанскиот клуб Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во страшната несреќа која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Веста за 20-годишниот Ивановски ја потврдија од неговиот клуб.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

Ивановски е трет спортист меѓу загинатите во кочанската несреќа по фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров и штипскиот голман Дамјан Танески.

Би можело да ве интересира

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“