Во Скопје првенство за млади во шах

Од:

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска ќе се одржи Првенството на Скопје во шах за млади.

Првенството се одржува во три категории: за ученици од прво до петто одделение од основните училишта, за ученици од шесто до деветто одделение и за ученици од средните училишта.

Турнирите се играат по швајцарски систем од девет кола. Темпо на игра е 10′ + 05″ по играч (10 минути со додаток од 05 секунди за секој одигран потег).

Натпреварите ќе ги водат шаховски судии, одговорни за регуларноста и правилата од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје.

Најдобрите на трите турнири ќе бидат наградени за прво место – таблет, пехар, медал, диплома, за второ и за трето место медал и диплома.

Предвидени се и специјални награди за најдобро пласираните девојчиња на трите турнири.

Покрај награди за учениците ќе бидат доделени и три награди (таблети) за менторите на учениците кои ќе ги освојат првите места на трите турнири.

Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата, како спорт кој делува на психичкиот развој.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски