Во Штип викендов меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“

Од:

Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“ викендов ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Организатор на турнирот е Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), а технички организатор е боречкиот клуб „Балканец“ од Штип. Потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов вели дека на „Македонски бисер“ ќе се одржи по 41 пат, а досега имаат потврдено учество на борачи од десет држави.

– Значи ќе имаме околу 100 учесници, а македонската репрезентација ќе учествува со најмногу борачи, така да љубителите на борењето ги поканувам викендов да бидат дел од „Македонски бисер“. Можам да кажам дека ќе има доста квалитетни борби и ќе имаме еден од досега најквалитетни организирани турнири, вели Богданов.

Тој истакна дека вечерва во 18 часот борачите ќе имаат мерење, а натпреварите почнуваат утре во 10 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во штипската населба „Сењак“.

Се очекува на турнирот да присуствуваат спортски работници меѓу кои и претседателот на Европската федерација, Цено Ценов, како и претставници од Македонскиот олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт. Турнирот ќе биде можност и за повеќето судии да полагаат за стекнување на втора и трета категорија

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска