Во општина Чешиново-Облешево започнаа Илинденски спортски игри

Од:

Во Општина Чешиново-Облешево синоќа по 45-ти пат започна спортската манифестација „Илинденски спортски игри – Чешиново 2017“ на кој традиционално се застапени турнирите во фудбал и шах. Спортските игри започнаа со фудбалскиот натпревар меѓу екипте на месните заедници од Чифли и Карбинци.

– Самата манифестација е една од најстарите во регионот и пошироко која трае еден месец, а се одржува на спортските терени во населеното место Чешиново. Низ годините минати на Илинденските спортски игри настапиле над стотина екипи од регионот и пошироко, кои покажале врвни спортски резултати, спортска игра и дружење, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново-Облешево.

Годинава игрите ќе се одржат во период од 2 до 8 јули 2017, а првенствено учествуваат екипи од Месните заедници од источниот дел на Македонија. Покровител на игрите традиционално е општина Чешиново-Облешево. За учество на годинашните игри се пријавија 14 екипи од општините Чешиновцо-Облешево, Кочани, Штип и Карбинци..

Љубителите на фудбалот секое попладне ќе можат да проследат по два спортски натпревари.Во рамките на игрите ќе се оди и турнир во шах. Илинденските спортски игри за општината Чешиново-Облешево се од особено значење бидејки се чува и негува една стара спортска традиција, но во истовреме се развива и спортскиот дух мегу жителите.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“