Тимот на Боцвана освои четири медали на Олимписките игри во Париз, а претседателот на државата Мокгвееци Масиси ќе ја пречека успешната експедиција на аеродромот, се вели во соопштението од тамошната влада.
Масиси претходно прогласи половина ден за одмор во чест на спринтерот Лециле Тебого, кој на африканската земја и го донесе првиот олимписки златен медал во нејзината историја.
Botswana's President declared an afternoon holiday today in the country as they welcome their Olympic champions back! 🇧🇼
Letsile Tebogo became the first African to win the men's 200m final in the Olympics, and Botswana's 4x400m relay team claimed the silver 🥇🥈#PARIS2024 pic.twitter.com/OXpQwAJgIM
— DW Sports (@dw_sports) August 13, 2024
Да потсетиме, Тебого славеше во трката на 200 метри на Олимписките игри во Париз.
Претседателот на земјата веќе одобри полудневен одмор во петок за да ја прослави сензацијата на Боцвана.
Оваа земја го освои првиот олимписки медал во 2012 година со среброто на Нил Амос на 800 метри во Лондон.
Инаку, Тебого на 21 година стана првиот Африканец кој победил на 200 метри на Олимписките игри трчајќи ја патеката за 19,46 секунди.