Во Агенцијата за млади и спорт средба Спасески – Клемен

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со Сергеј Клемен од Белорусија, кој во Македонија е во функција на супервизор на 44. меѓународен боксерски турнир „Златен Гонг“.

На средбата се разговараше за за искуствата и успесите на македонските спортисти и идните насоки на дејствување во развојот на македонскиот бокс.

Спасески го запозна Клемен со вложувањата во македонскиот спорт и во спортската инфраструктура. Воедно, директорот на АМС дополни дека Македонија може да се пофали со најмногу освоени медали во боречките спортови, особено во боксот.

Гостинот од Белорусија истакна дека македонскиот спорт добро напредува и во иднина очекува младите боксери од Македонија да претставуваат фаворити на европските и светски првенства.

Клемен додаде дека во моментот од македонските боксери добро ги познава квалитетите на Вели Мумин и Примислав Димовски.

На крај од средбата Спасески се заблагодари за целокупната поддршка што Европската боксерка федерација ја посветува на развојот на боксот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето