По бурните сцени во неодамнешното Ел Класико, се погласни се гласните гласини за заминувањето на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.
Бразилецот долго време е во затегнати односи со клубот бидејќи не ги прифати понудените услови за продолжување на договорот, а конфликтот со тренерот Чаби Алонсо дополнително ја влоши атмосферата.
За потсетување, Винисиус реагираше исклучително нервозно кога Алонсо го извади од дербито против Барселона – отиде директно во соблекувалната, а дури потоа се врати и седна на клупата. Клубот стравува дека последната граница е пробиена и дека доаѓањето на летото би можело да донесе трансфер.
Саудиска Арабија е на чекање со огромни финансиски понуди, но Винисиус наводно ја отфрла секоја помисла за напуштање на европскиот фудбал. Неговата цел е да ја освои Златната топка, која, според него, не постои надвор од европската сцена.
Странските медиуми веќе го споменуваат неговиот фаворит – Пари Сен Жермен.
Винисиус има големо почитување кон Луис Енрике и верува дека филозофијата на тренерот би можела да го максимизира неговиот офанзивен потенцијал. Во Париз, тој повторно би се нашол во центарот на вниманието, бидејќи во Мадрид, според мислењето на сè поголем број луѓе, тој падна во втор план во споредба со Килијан Мбапе.
ПСЖ е еден од ретките клубови што лесно можат да ги исполнат неговите финансиски желби.
Бразилецот е свесен дека неговата позиција во Реал се променила, а дополнително е засегнат од расистичките навреди на кои често е изложен во Шпанија. Затоа можноста за промена на средината веќе во текот на летото се разгледува сè погласно.
Оваа сезона во Ла Лига, Винисиус има пет гола и четири асистенции во 10 натпревари, додека во Лигата на шампионите сè уште нема гол во првите три натпревари. Иако се смета за еден од клучните играчи на Реал, неговата фрустрација расте, и тоа е причината зошто одбива да го продолжи договорот што трае до 2027 година.
