„Навивачите на Реал Мадрид можат мирно да спијат“, пишува „Ас“, во текстот откривајќи дека шпанскиот гигант го продолжил договорот со својата млада ѕвезда Винисиус Жуниор. Бразилецот имаше договор со Реал до крајот на сезоната 2023/2024.
Новиот договор што на Винисиус истекува во јуни 2027 година. Со новиот договор Бразулецот доби и значително покажување на платата, наместо досегашните три тој ќе заработува осум милиони евра по сезона.
Реал, на 12.јули 2018 година го потпиша првиот договор со Бразилецот. За транферот на тогаш 18. годишниот Винисусис, Реал плати 46 милиони евра.
Четири години подоцна, според „Трансфермаркт“, Винисису вреди 120 милиони евра.
Досега во кариерата, Винисиус за Реал одиграл 187 натпревари, постигнал 44 гола и забележал 48 асистенции.
Извор: Топспорт