Вилаш Боаш доживеа несреќа на релито Дакар по што беше хоспитализиран

Од:

Португалскиот фудбалски тренер Андре Вилаш Боаш го заврши неговиот настап на популарното рели „Дакар“ откако доживеа несреќа во текот на четвртата етапа. Поради инцидентот Португалецот беше хоспитализиран.

Поранешниот менаџер на Порто, Челзи, Тотенхем, Зенит и Шангаи со своето возило удри во песочна дина по што заврши во болница со повреда на грбот.

– Сакам на сите да им порачам дека јас и мојот совозач Рубен Фариа сме добро, но Дакар за нас заврши, напиша Португалецот на неговиот Инстанграм профил.

Вилаш Боаш на релито настапуваше за тимот Овердрајв, а возеше Тојота Хилукс.

Пред несреќата тој се наоѓаше на 41. позиција од 91 натпреварувач, а заостануваше два часа и 18 минути зад лидерот Стефан Петрхансел.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски