ВИДЕО: Вињалес триумфираше на трката во Австралија

Од:

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес, победи на трката за Големата награда на Австралија.

За младиот шпански возач тоа беше петта победа во кариерата, а со овој триумф ја донесе првата победа за јапонскиот тим по 25 трки.

На втората позиција заврши Андреа Јаноне од Сузуки, додека трет беше возачот на Дукати, Андреа Довициозо.

Вињалес меѓу другото го искористи откажувањето на светскиот шампион Марк Маркез, кој иако стартуваше на пол-позицијата трката ја заврши по само пет круга, откако избегна посериозен инцидент со Јохан Зарко.

Но, ова нема да влијае на крајниот резултат, бидејќи Маркез ја обезбеди својата петта Мото ГП титула на три трки пред крајот на Шампионатот.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска

Нови бодови за Рико Вуков во „Порше Карера купот“

Ана Ололовска