Победникот на Гран-при на Малезија, Маверик Вињалес ја посвети својата победа на трагично загинатиот пилот од азискиот куп за таленти на МотоГП, Афридза Мунандар.
Вињалес забележа категорична победа од 3,5 секунди пред Маркез и му ја донесе на Јамаха првата победа на „Сепанг“ од 2010 година.
Top Gun takes top spot at Sepang! ?
Seventh career victory in #MotoGP for @mvkoficial12! ?#MalaysianGP ?? pic.twitter.com/WzCaknOSJK
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) November 3, 2019
– Бевме добро подготвени за трката. Неверојатна трка. Чувствував дека потенцијалот е одличен. По првите два круга, знаев дека морам да помогнам бидејќи ова беше мојата златна шанса. Сакам да ја посветам оваа победа на пилотот кој почина вчера. Тој беше еден од најсилните во серијата и мој фаворит, рече Вињалес.