ВИДЕО: Спектакуларно отворање и невидени безбедносни мерки во Париз за Олимписките игри

Од:

Франција денеска има намера да го воодушеви светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во срцето на Париз, а околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 припадници на приватно обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзините брегови и околината објави Ројтерс.

Игрите се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на зголемени геополитички тензии.

Планирано е речиси 7.000 спортисти да пловат по реката Сена покрај најпознатите париски знаменитости, додека повеќе од 300.000 гледачи ќе ги следат од брегот.

Од последната Олимпијада во Пекинг во 2022 година, избувнаа војните во Украина и во Газа, кои сега се тензична позадина на Игрите. Франција е на највисоко ниво на безбедност, иако официјалните лица повторија дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри.

Како дел од големата безбедносна операција, властите ставија 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според антитерористичките закони, пренесува Ројтерс.

Исто така, израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а овие натпреварувачи ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимпијадата, соопштија официјални лица.

Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите. Коритото на реката Сена е проверено за бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен.

Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во подготвеност за пресретнување на авиони кои залутале во ограничен воздушен простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ прво славеше со оро, па во омилениот ресторан до рано наутро

(ВИДЕО) Ѓоковиќ со шампањ го прослави златниот медал на Олимписките игри

A1on

ВИДЕО: Фемке Бол во луда трка обезбеди злато за холандската штафета

Катерина Ѓуровски

Алжирската боксерка која беше жртва на лажни обвинувања осигура медал, се расплака во рингот