ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес

Од:

Со церемонијата за затворање на Летните олимписки игри во Париз, домаќинот на најголемата спортска манифестација на планетата, олимписките кругови од Франција се преселија во Холивуд, во градот Лос Анџелес, следниот домаќин на ЛОИ 2028 година.

Македонското знаме се развиори и на свеченото затворање на Игрите, а легендарниот актер Том Круз со мотор симболично го однесе олимпиското знаме кон Соединетите Американски Држави.

За разлика од отворањето, церемонијата на затворањето се одржа на познатиот „Стад де Франс“. 9.000 спортисти го изодеа последниот круг на стадионот, предводени од 205 носители на знамиња.

Во вкупниот пласман, САД е најуспешната земја според освоените медали, пред Кина.

Церемонијата започна со изведба на познатата песна на Едит Пјаф, „Небото над Париз“ (“Sous le ciel de Paris”) од страна на локалната пејачка Захо де Сагазан и хорот на академијата Ендел-Ендрикс, а режисер на целото претставување повторно е Тома Жоли.

По песната, четирикратниот олимписки шампион од Париз 2024, Леон Маршан, го презеде олимпискиот оган од големиот балон и го пренесе на „Стад де Франс“.

Француското знаме беше триумфално подигнато на теренот на „Стад де Франс“, додека оркестарот на стадионот ја свиреше „Марсељезата“. Потоа започна парадата на нациите, каде што хероите на игрите, иако во помал број, направија круг околу стадионот.

Носителите на знамиња излегоа заедно, за разлика од парадата на отворањето – оваа традиција датира од Игрите во Мелбурн во 1956 година.

Олимписките Игри во Париз се затворени.

Мерси Париз, Хелоу Ел-Еј…

Би можело да ве интересира

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ прво славеше со оро, па во омилениот ресторан до рано наутро

(ВИДЕО) Ѓоковиќ со шампањ го прослави златниот медал на Олимписките игри

A1on

ВИДЕО: Фемке Бол во луда трка обезбеди злато за холандската штафета

Катерина Ѓуровски

Алжирската боксерка која беше жртва на лажни обвинувања осигура медал, се расплака во рингот

Векиќ не донесе злато за Хрватска, Женг стана првата кинеска олимписка шампионка во тенис