ВИДЕО: Соиграчите го нападнаа братот на Погба

Од:

Репрезентативецот на Гвинеја, Флорентин Погба беше претепан од своите соиграчи во Генчлербирлиги. Ова се случи по поразот од 0-1 од Анталијаспор во 32-коло на турската Суперлига.

Братот на Пол Погба добил повреда и го напуштил теренот, без дури да го извести тренерот Умит Озат. Во тој момент, неговиот тим заостануваше во резултатот и веќе ги направи сите три смени.

По крајот на натпреварот останатите играчи на тимот почнале да се конфронтираат со 27-годишниот дефанзивец, кој бил спасен од посериозен инцидент по интервенцијата на луѓе од обезбедувањето на клубот.

Генчлербирлиги е на претпоследното 17-то место на табелата на турската Супер лига и има 30 поени. До крајот на сезоната има уште два круга, а тимот од Анкара е на пет поени од зоната за спас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска

Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција

Ана Ололовска

Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ

Ана Ололовска