(ВИДЕО) Со голот во Порто младиот Костов влезе во историјата на Црвена Звезда

Од:

Фудбалерите на Црвена Звезда синоќа беа поразени како гости од португалски Порто со 2:1 во натпреварот од второто коло од главната фаза на Лигата на Европа.

Црвено-белите оставија добар впечаток на стадионот „Драгао“, но нивното внимание попушти во 90-тата минута кога Родриго Мора постигна гол и му ги донесе бодовите на Порто.

Сепак, Звезда можеше да се врати задоволна од прикажаната игра на стадионот на фаворитот, а тренерот Владан Милојевиќ може да биде особено горд на младиот Василије Костов, бидејќи момчето родено на 11 мај 2008 година постигна гол на своето деби во Европа.

Костов со тоа стана најмладиот стрелец во историјата на Црвена Звезда кога станува збор за европските натпреварувања. Го постигна првиот гол во Европа со само 17 години, четири месеци и 21 ден.

„Го примивме тој гол многу рано, но мислам дека потоа се вративме во натпреварот. Мислам дека мојот гол ми даде мене и на целиот тим многу самодоверба, а за жал на крајот примивме гол во последната минута. Имав мала нервоза пред натпреварот, но штом почна, исчезна и дадов се од себе. Мислам дека покажав што знам“, рече Костов.

Инаку Костов има потекло од Македонија, а поседува и македонски пасош. Досега настапувал за младите селекции на Србија.

Би можело да ве интересира

Црвена Звезда го победи Партизан во 177-тото вечно дерби

Горан Наумовски

Почина Дејан Миловановиќ. поранешен капитен на Црвена Звезда

Горан Наумовски

Полјаците направија хаос во Белград: Скршени излози, полицијата приведува хулигани

Црвена Звезда Белград го зеде целиот плен од Познањ

Горан Наумовски

Арнаутовиќ е новиот играч на Црвена Звезда

Горан Наумовски

Душан Тадиќ ги одби милионите на Црвена Звезда, потпишува за Атлетико Мадрид

А1он