Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим, а по мечот во кој убедливо го совлада Французинот Корентин Муте, се случи инцидент кога беше удрен со шише во главата.
Набрзо имаше објаснување како Новак го заработи ударот кој толку многу искрварил што морал да биде префрлен во медицинската соба во комплексот, а на социјалните мрежи се појави видео.
The @InteBNLdItalia team showcases a video showing that the Djokovic case was ‘’an accident’. #Djokovic pic.twitter.com/IX6T4ihEVK
— Tennis Majors (@Tennis_Majors) May 10, 2024
Иако италијанскиот Il Messaggero првично објави дека шишето испаднало од торбата на момче кое се наведнало над трибините во обид да добие автограм од најдобриот тенисер на светот, видео од друг агол покажува кој навистина го удрил Новак во главата.
Опишаниот метод на Италијанецот се покажа како точен, но шишето испадна од торбата на возрасен маж, а не на момче.
На крајот, беше откажана и медиумската конференција која беше планирана по натпреварот.