ВИДЕО: Шиперс со европски рекорд до светското злато на 200 метри

Од:

Холанѓанката Дафне Шиперс победи на трката на 200 метри на Светското првенство во Пекинг со нов европски рекорд 21.63 секунди што воедно е трет резултат на сите времиња.

Сребрениот и бронзениот медал ги освоија спринтерките од Јамајка Илејн Томпсон со време 21.66 и Вероника Кембел Браун со 21.97.

Во скок во далечина најдобра беше Американката Тијана Бартолета со 7.14 метри, пред Шара Проктор од Велика Британија со прескокнати 7.07 метри и Србинката Ивана Шпановиќ со 7.01.

Сетот медали во дисциплината 20км. брзо одење беше поделен на Хонг Лиу (Кина) – злато; Џиу Лу (Кина) – сребро; Људмила Олјановска (Украина) – бронза.

Мажите го трчаа финалето на 110  метри со пречки. Златото го освои Сергеј Шубенков (Русија) со време 12.98, второто место и сребрениот медал се за Хенсл Парчмент од Јамајка со време 13.03, бронзата ја освои Ејрис Мерит (САД) со резултат 13.04.

Седмиот ден на атлетскиот Мундијал во Пекинг беше затворен со финалето на 100 метри со пречки за жени. Победи Даниеле Вилијамс од Јамајка – 12.57, пред Синди Роледер од Германија – 12.59 и Алина Талај од Белорусија – 12.66.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Камерман го турна Болт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Болт најбрз и на втората спринтерска трка на СП во Кина

Ана Ололовска

Шели-Ен Фрејзер-Прајс најбрза на светот

Ана Ололовска