(ВИДЕО) Ракометарите одат на Светско: Епски пресврт во баражот со Фарски Острови

Од:

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на следното Светско првнество откако остварија огромен тримф во реваншот од бараж двомечот со Фарски Острови. Вечерва со Скопје, македонските ракометари славеа со 34-26 со што ја надминаа победата на противникот од седум гола предност од првиот натпревар.

Нашите ракометари одграа драстично подобар натпревар во однос на гостувањето кај Фарски Острови. Рано ја презедоа контролата над резултатот, имаа солидна предност на полувремето, а во вториот дел го „мелеа„ противникот се до конечните плус осум.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот.

За македонската селекција ова е седмо учество на светските првнества и продолжување на континуитетотп ласмани на големите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП